Сподели на

Најновиот модел на оваа компанија е Axon M, кој има два екрани кои се преклопуваат еден врз друг. Со тоа, ZTE им овозможува на своите потрошувачи максимално да уживаат во визуелните можности на овој уред, бидејќи со тоа ќе можат да гледаат видеа, филмови и да сурфаат на интернет на неверојатен начин. Поентата на овој телефон е тоа што има два екрани со идентични големини. Кога ќе се преклопи, Axon M изгледа како најобичен телефон, но кога ќе се отвори, сфаќате дека имате неверојатен геџет кој ќе ве воодушеви. Ова се секако само главните карактеристики, но креаторите од компанијата велат дека ова е можеби најдобриот мултитаскинг телефон на светот бидејќи овозможува истовремено извршување на повеќе операции. Покрај овие можности, ZTE Axon M има и одлични спецификации – 4GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија, камера од 20 МP која може да биде предна и задна, Qualcomm MSM8996 Snapdragon 821, батерија од 3180 mAh и оперативен систем Android 7.1.2 (Nougat). Цената на овој телефон е 725 долари и ќе се најде од продажба веќе од следниот месец.



Други новости