Сподели на

Razer Phone има алуминиумско куќиште, 24-битен DAC и два предни звучници со Dolby Atmos звук, а од компанијата тврдат дека ова е најгласниот телефон кој некогаш е направен. Уредот има 5,7-инчен екран со брзина на освежување од 120 Hz и резолуција од 2560 х 1440 пиксели. Оваа технологија го носи името UltraMotion и е направена во соработка со Qualcomm кој е задолжен и за процесорот на телефонот – најновиот Snapdragon 835. Покрај тоа, телефонот поседува и 8GB RAM. Razer Phone нуди 64GB внатрешна меморија и батерија од 4000mAh со поддршка за технологија за брзо полнење наречена Qualcomm QuickCharge 4.0+. Димензиите на телефонот се 158,5 х 77,7 х 8 милиметри, а истиот тежи 197 грама. Во продажба ќе се најде од 17-ти ноември, по цена од 699 долари.



Други новости